За Нас

 

Трговското друштво Вак Стружанка почна со работа во 1992 година, како огранок на познатата фабрика Стружанка од Струга. Почетоците беа скромни – со само едно продажно место во Порта Влае и со тројца вработени. По затворањето на фабриката Стружанка од Струга, трговското друштво Вак Стружанка продолжи да работи самостојно, задржувајќи го и заштитувајќи го веќе добро познатото име.

Оттогаш трговската мрежа покажува постојан развој, па денес Стружанка има 9 продажни места во Скопје и 43 вработени лица, и дистрибуира преку 40 трговски марки од најуспешните фабрики за трикотажа од поранешните Ју-републики.

Работејќи во корист на интересите на своите потрошувачи, Стружанка има зацртана цел да продолжи со проширување на продажната мрежа и во другите градови на Република Македонија.

 

Професионалниот однос во работата и посветеноста на целокупниот персонал претставуваат најдобар показател дека Стружанка ќе успее да ги оствари сите свои цели и да се справи со сите предизвици на иднината.

Промотивни производи

 

  Спиењето во студените
  зимскиноќи е најпријатно...
 

 

  Со цел да го промовираме
  на пазарот...
 

 

  Нежниот, тенок и елегантен
  материјал претставува...
 

 Прекривки за спиење, димензии
 160x210, истовремено...