Трговското друштво Вак Стружанка почна со работа во 1992 година, како огранок на познатата фабрика Стружанка од Струга. Почетоците беа скромни – со само едно продажно место во Порта Влае и со тројца вработени. По затворањето на фабриката Стружанка од Струга, трговското друштво Вак Стружанка продолжи да работи самостојно, задржувајќи го и заштитувајќи го веќе добро познатото име.